Буџетски иницијативи во општина Кавадарци

0
113
Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Кавадарци ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 56 жени и 21 маж во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Кавадарци за 2022 година.
Запознајте ги нашите подгрантисти од Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Жените креаторки на локалните политики“. Минатата недела остваривме средба со координаторката за еднакви можности и членките на Комисија за еднакви можности -Општина Кавадарци на Општина Кавадарци.
Целта на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку креирање на родово одговорни политики во Општина Кавадарци.

Преку зајакнување на капацитетите на засегнатите страни кои ги спроведуваат локалните политики за родовата еднаквост за примена на родово одговорни политики, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.