Буџетски иницијативи во општина Делчево

0
49
Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Делчево ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Делчево/Municipality of Delcevo го спроведовме првиот форум во заедницата на кои учествуваа 72 жени и 14 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Делчево за 2022 година.
Во продолжение ви ги претставуваме и нашите подгрантисти од НВО КХАМ Делчево кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Со гласот на жените до родово одговорни локални политики“. Минатата недела, заедно со менторката Елена Кочоска, остваривме средба со координаторот за еднакви можности и претседателката на Комисија за еднакви можности при совет на Општина Делчево/Municipality of Delcevo.

Целта на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку воведување на родово одговорно буџетирање на локалните политиките во општина Делчево.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делечво, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.