Буџетски иницијативи во општина Гевгелија

Share This Post

Буџетските иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Гевгелија ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.

 

Во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ во месец мај 2021 спроведовме форум во заедницата во Општина Гевгелија на кои учествуваа 60 жени и 15 мажи.

Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Гевгелија за 2022 година.

 

Во продолжение ги претставуваме и нашите подгрантисти од Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија (Помогни и ти) кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот “Еднаквост и можности за сите!’’
Целта на проектот е унапредување на родовата еднаквост во Општина Гевгелија преку вметнување на родови перспективи и креирање на буџетски програми кои реално ќе ги отсликуваат потребите на корисниците.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Гевгелија, а со поддршка од координаторката за еднакви можности, РЦОР-Гевгелија ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore