До: Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија
Предмет: Барање да не се потпишат измените на Кривичниот законик, усвоени во Собрание на 6. септември 2023 година
Почитуван Претседател на Република Северна Македонија,
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Вас да го искористите уставно загарантираното право на вето, и да не го потпишете указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера, на 6.септември.2023 ги усвои Собранието.
Постојат две причини зошто имате должност да го искористите ветото.
- Првата е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:
Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил. - Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција
- Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.
Втората причина е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако според постоечките кореспондентни табели не се усогласуваат со европското право. На тој начин, се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите кои ги носи.
Земајќи го сето ова предвид, Платформата на граѓански организации бара од вас да не го потпишете указот.
Со почит,
Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата.