На 25–26 април 2026 година, во рамки на националната дебата „Гласот на граѓаните во Собранието: улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ“, извршната директорка на ЦРПМ, Марија Ристеска, учествуваше како говорничка на пленарната сесија посветена на моделите за вклучување на Собранието во евроинтегративниот процес.

Во своето обраќање, Ристеска се осврна на три клучни прашања:
🔹 Зајакнување на авторитетот на пратениците
Ристеска нагласи дека постојат воспоставени механизми – како работата на комисии и директната комуникација со граѓаните – но нивниот потенцијал не е целосно искористен. Особено ја истакна потребата од зајакнување на надзорната функција на Собранието и развој на буџетската канцеларија како алатка за транспарентност.
Таа предложи редовно објавување на граѓански буџет и информации за извршувањето, вклучително и родово одговорно буџетирање, со цел граѓаните да разберат како јавните средства придонесуваат за намалување на нееднаквостите.

🔹 Надзор врз ЕУ интеграциите
Иако инструментите за надзор се добро дефинирани, тие не се доволно искористени. Ристеска посочи дека Планот за раст претставува силна основа за парламентарен надзор, но неговото користење во пракса е ограничено.
Таа предложи редовни тематски расправи и интегрирање на прашања поврзани со Планот за раст во пратеничките прашања, како и поголема улога на Националниот совет за евроинтеграции.
🔹 Реалната моќ на Собранието во ЕУ процесот
Според Ристеска, Собранието има и формална и реална моќ, што се потврдува преку конкретни примери на закони поврзани со реформската агенда.
Клучно е градењето консензус и активното користење на парламентарните механизми за да се забрза имплементацијата на реформите и исполнувањето на обврските од Планот за раст.

ЦИКП останува посветен на унапредување на транспарентноста, отчетноста и родово одговорното буџетирање како основа за ефективно демократско управување и успешни ЕУ интеграции.
Настанот е организиран од страна на Институтот за европска политика – ЕПИ.
