The media monitoring of newspapers from gender perspective

Share This Post

CRPM and the city of Skopje proudly present the animation of the results of the media monitoring of newspapers from gender perspective / ЦИКП и Град Скопје гордо ја претставуваат анимацијата на податоците од мониторингот на медиумите (весници) од родова перспектива.

Повеќе за проектот:

ПРОЕКТ: Воведување на родово сензитивна култура во медиумите

Краток опис

Родово несензитивните реклами секогаш биле пристуни во медиумите. Типичната прикажана улога на жената како личност одоговорна за домот во општеството се провлекуваше, прифаќање и толерираше во информативните блокови и рекламите во најактуелните термини на телевизиите. Причината за ова може да се лоцира во одамна воспоставените патријахални нишки кои се провелкуваат со децении во различните сфери на општеството, како и во немањето престава дека прифаќањето на родовата поделба на улогите е всушност заснована на општествени стереотипи. Имајќи во предвид дека општеството е во постојана интеракција со медиумите и дека тие за него претставуваат примарен извор на информации нужно е да се покрене прашањето за создавање на родово сензитивна медиумска култура и рушење на родовите стереотипи создадени преку медиумската програма. Со цел да придонесеме кон промовирање на родово сензитивна медиумска култура, ЦИКП заедно со партнерските организации на проектот цели  кон воведување на концептот на родово информирање и пишување во медиумите.

 

a. Партнерски организации

ЦИКП во овој проект ќе ги вклучи Здружението на новинари на Македонија, како официјална организација претставник на една од целните групи,  Катедрата за новинарство при Правниот Факултет и Филозофскиот факултет при УКИМ.

 

b. Цели

Цел на проектот е да промовира родово сензитивна медиумска култура во националните телевизиски медиуми во Македонија, и регионалните телевизиски медиуми на територијата на град Скопје.

Проектот има три посебни цели:

* Да изготви студија за родово сензитивно информирање преку анализа на информативните блокови и рекламите кои се емитуваат

* Да го воведе концептот на родово информирање и пишување во медиумите преку обуки за јакнење на капацитетите

* Да придонесе кон зголемување на свесноста за родовата рамноправност преку: изработка на мултимедијален проект кој ќе биде прикажан на Вечерите на женски права.

* Да го актуелизира ова прашање пред пошироката јавност преку организација на јавна дискусија

 

c. Временска рамка

Проектот ќе се спроведува во период од месец јуни до ноември 2012 година.

 

За повеќе информации ве молиме контактирајте со:

Ристе Змејкоски

Т-Ф: 02/ 3109 932 ; e-mail: zmejkoski@crpm.org.mk , (rikanmk@gmail.com) Skype: ristezme

More To Explore