Повик за учество на Школата за јавни политики Мајка Тереза за генерација 2022/3 година

Share This Post

Во тек е уписот за тринаесеттата генерација (2022/2023) учесници на Школата за jавни политики “Мајка Тереза”, организирана од Центарот за истражување и креирање политики (www.crpm.org.mk), а поддржана од Советот на Европа.

Потенцијални слушатели на Школата се лица на возраст од 26-45 години, веќе напреднати во својата кариера со завршена магистратура и/или работно искуство. Слушателите треба добро го познаваат англискиот јазик, бидејќи дел од предавањата покрај македонски се и на англиски, да се заинтересирани за проширување и продлабочување на знаењата и вештините во врска со развојот на демократската култура. Конкурсот трае се додека не се пополнат местата.

Заинтересираните да пратат CV (биографија) и мотивациско писмо на daskalovski@crpm.org.mk. Само најдобрите кандидати ќе бидат повикани на интервју. За дополнителни информации за Школата и условите за упис, прочитајте тука или контактирајте нé на 02/ 3109 932.

More To Explore