CALL FOR SUB-GRANTS / Продолжен повик за доделување подгрантови

Share This Post

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ

Во рамките на проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ (во оригинал: “Through gender lenses: appraising budgets and policies; watchdogging local action plans for gender equality implementation ”), финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia.

Буџетска линија: 6 CSO GRB FUND

По зајакнувањето на капацитетите на ГОи за користење на алатки за родово одговорно буџетирање (РОБ) за застапување на локално објавуваме повик за подгрантирање за изработка на мониторинг ивештаи на локално ниво. Центарот за истражување и креирање политики го продолжува повикот за поднесување апликации за подгрантирање ги поканува заинтересираните граѓански организации (ГОи) да достават пријави за грантови. Грантовите ќе имаат за цел зацврстување на улогата на ГОи да станат партнери на единиците на локалната самоуправа и актери кои го проценуваат влијанието на политиките и буџетите врз родовите односи и даваат препораки за подобрување на креирањето на политиките за да се задоволат потребите на жените и мажите; ја зголемуваат одговорноста и транспарентноста; и придонесуваат за подобрување на управувањето преку следење и проценка на ефектите што ги имаат политиките и буџетите врз родовата еднаквост. Продолжувањето на повикот се однесува само за подготовка на мониторинг-извештаи за следните општини: Шуто Оризари, Липково, Струга и Пробиштип.

Услови за аплицирање за грантови:

-Граѓанските организации целосно ја поминале Обуката за градење на капацитетите во областа на родово одговорното буџетирање која се одржа на 02.-03.-04.11.2021 или на 10.-12.-18.11.2021;

-Граѓанските организации се регистрирани и/или ги имплементираат своите активности на територијата на следниве општини: Чаир, Шуто Оризари, Теарце, Брвеница, Старо Нагоричане, Липково, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Радовиш, Струга, Вевчани, Крушево и Кривогаштани;

-Се согласуваат да станат членки на Мрежата за родово одговорно буџетирање и ги следат упатствата на доделените ментори и навремено доставуваат извештаи;

-Во доставената пријава да имаат јасен план за следење на дадената буџетска иницијатива и нејзино застапување/лобирање  за конкретна општина.

Граѓанските организации кои учествуваа на обуката се поканети да аплицираат за грантови користејќи го образецот за апликација приложен подолу, финансиран од Европската Унија, преку проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, како и извештаи за следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“. Вкупниот фонд на грантовите е 68.850 евра.

Максималната големина на грантовите е 4.050 евра. Мониторинг-извештаите мора да бидат завршени во период до дванаесет месеци, почнувајќи од моментот на потпишување на договорот. Партнерските организации од проектот „Низ женски леќи“ го задржува правото да поддржат било која или ниту една од поднесените пријави. Одлуките за финансирање ќе ги донесе Комитетот за оценка на грантови, составен од претставници од сите организации-партнери на проектот.

Целосно попoлнетите пријави се доставуваат на меил trajanovska@crpm.org.mk со subject: Пријава за подгрантирање-Низ женски леќи.

Рок за аплицирање: 16:00 часот, рокот е продолжен до 07.02.2022.

Пријавите доставени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Предлог родово буџетски мониторинг извештаи

Родово буџетските мониторинг извештаи треба да резултираат со извештаи за отчетност и родова одговорност или со родово одговорни проценки на политики преку примена на РОБ алатки како што се:

  • родово буџетска анализа на ефективност,
  • родово буџетска анализа на расходи и приходи
  • родова проценка на влијание на политиките/мерките.

Предлог родови иницијативи

Иницијативите треба да вклучуваат предлози за усвојување на нови мерки со цел на унапредување на родовата еднаквост преку примена на алатки за РОБ, како што се:

  • родово буџетска анализа на потребите, политиките и буџетот,
  • родово буџетска анализа на трошоци и корист,
  • родово буџетска анализа на корисници,

Секоја иницијатива освен истражување и анализа треба да биде придружена со последователно застапување, за спроведување на препораките. Предлозите за застапување можат да вклучуваат, но не мора да бидат ограничени на:

  • Состаноци;
  • Подигање на свеста за човековите права;
  • Лобирање ориентирано кон промена на јавна политика;
  • Ангажирање на медиуми;
  • Застапување на промена на политики;
  • Мобилизирање на граѓаните да ги бараат своите права.

Иницијативите мора да имаат за цел придонес кон постигнување опипливи и видливи резултати (на пр. ново законодавство, нови политики, нови услуги, ребаланс на буџетот и проценка на даночната политика итн.). Ве молиме, имајте предвид дека активности како такви, нема да се сметаат како резултат на иницијативите.

Образецот за пријава за грантови за следење на родово одговорно буџетирање симнете го тука.

More To Explore