Застапување за реформа на здравствените и социјалните услуги за намалување на неплатениот труд на жените

 

Центарот за истражување и креирање политки, на 29 јуни во хотелот Холидеј Ин одржа Национална тркалезна маса на тема „Одговор на ДСГ (дијагностичко сродни групи) реформата. Оваа средба се реализираше во рамките на истоимениот проект и го заокружи првиот дел од истиот. На тркалезната маса присуствуваа претставници од клучните надлежни минситерства од оваа област како што се Министерството за здравтсво, Фондот за здравство, Министерството за труд, претставници на УНИФЕМ, женски невладини организации од Македонија, ЗЕЛС како и директорот на Фондот за здравство на Република Словенија, Д-р Само Факин и неговиот заменик Д-р Дорјан Марушиќ.

 

Заклучоците и препораките од тркалезната маса би се реализирале со помош на здравствениот, социјалниот систем и со помош на општините. Тие се следниве:

• Воведување на неакутна нега во болниците

• Зголемување на бројот, опременоста и организацијата на патронажните служби

• Разгледување на можоста за отварање на hospis

• Донесување на Закон за долготрајна нега

• Воведување на фамилијарна медицина која ќе опфаќа и нега/грижа за болни

• Отварање на социјално-здравствен фонд

• Надоместоци за семејствата на болните

• Флексибилност на законот за работни односи за работното време на лекарите

• Обука на семејства за давање нега

• Образување на лекари за импликациите

• Воведување на образовни содржини за развој на волонтаризам

• Воља и партнерство со НВО сектор може да се очекува

• Средства се потребни

• Проценка на потребите и капацитетот за воспоставување на вакви услуги на локално ниво

Во вториот дел од проектот вакви траклезни маси ќе бидат организирани на локални ниво и на нив претатсвниците на општините ќе имаат прилика да дискутираат за оваа реформа и да дадат свој придонес кон истата.

Проектот „Одговор на ДСГ реформата“ има за цел да ги информира граѓаните за импликациите на ДСГ врз родовата рамноправност, и за очекуваното влијание на времетраењето на престојот во болница и трансферот на опоравувањето од болница кон домот односно замена на болничката со домашната нега, да развие дискусии за подобрување на постоечкиот систем за домашна нега и развивање на нови услуги кои ќе го олеснат товарот на неплатената работа на нега во семејствата во Македонија и Застапување за изменување на Законот за здравствена заштита и овозможување да се дава нега и третман на примарно ниво. На него му претходи анализа изработена од ЦИКП насловена „Дијагностичко сродни групи и неплатената работа на нега која ја вршат жените“.

Заклучоците и текот на проектот беа презентирани и пред медиумите на прес конференцијата која се одржа на 1 јули во НВО Инфоцентарот.