Фондацијата Фридрих Еберт заедно со Центарот за истражување и креирање политики Ве покануваат на промоција на Граѓанскиот водич во буџетите која ќе се одржи во Хотел Континентал (сала за појадок) на 13.04.2007 година (Петок) во 10:30.
На промоцијата воведен збор ќе имаат:
Г-ин Штефан Денерт, Фондација Фридрих Еберт
Г-ѓа Марија Ристеска, Центар за Истражување и Креирање Политики
Граѓанскиот водич во буџетите ја надополнува празнината на непостоење на едно место целосна информација за буџетот и буџетските процеси. Целта на овој прирачник е да им овозможи на граѓаните, граѓанските организации, но и на институциите потполно разбирање на јавните финансии на национално и локално ниво. Намерата е јавноста да се мотивира да учествува и да влијае со своите активности на креаторите и на имплементаторите на буџетската политика таа да се планира и спроведува според потребите на граѓаните. Во граѓанскиот водич се нудат методи и техники на следење на трошењето на јавните пари и се охрабруваат сите заинтересирани граѓани активно да учествуваат во сите фази на буџетирањето: од планирање, усвојување, до извршување на буџетот.
Во изработка на водичот се проучени сите релевантни закони, но се имаа в предвид водичите со слична содржина, изработени во други земји.
По промоцијата на водичот ќе следи обука за креирање политики и транспарентно буџетирање наменета за претставниците на локалната самоуправа, невладиниот сектор и сите заинтересирани граѓани. Вакви обуки ќе бидат реализирани во седум региони на целата територија на Република Македонија до крајот на годината.
Искрено ваши,
ЦИКП Скопје
Фондација Фридрих Еберт