Центарот за Истражување и Креирање Политики на 21 јуни 2008 во хотелот Бест Вестерн-Турист организираше јавна дискусија на тема „Македонското признавање на Косово“. Говорници на дискусијата беа Др. Жидас Даскаловски, претседател на ЦИКП, Проф. Димитар Бечев од Оксфорд Универзитетот, Проф. Леон Малазогу, претставник на проектот на Принстон за меѓуетнички односи и професор на универзитетот во на Југоисточна Европа (ЈИЕ), Ризван Сулејмани од Институтот за политички и мултикултурни студии и Башким Бакиу од ЦИКП.
Генералните заклучоци од дискусијата беа дека Македонија треба да го признае Косово. При тоа да не стравува од загрозување на безбедноста и општата состојба. Дел од експертите потенцираа дека Косово може да има значаен придонес во развојот на трговијата во Македонија. Промовирајќи јавни дискусии на теми кои се од најбитен интерес за Македонија ЦИКП, следејќи ги позитивните искуства од претходните дискусии поврзани со НАТО интеграциите, се реши да го организира овој настан. На него му претходат две истражувања поврзани со прашањето: Дали Македонија треба да го признае Косово како независна држава? Според нашите истражувања, резултатите говорат дека помеѓу 35,9% ( во првото истражување) и 41,4% ( во второто истражување) од граѓаните во РМ одговориле со Да на прашањето: Дали Македонија треба да го признае Косово како независна држава? На трибината беше преставена и анализа во врска со ова прашање вклучувајќи ги перцепциите на јавното мислење во Македонија на Др. Даскаловски и М-р. Дане Талески. Резултатите од анкетите се достапни на нашата интернет страна, а анализата може да ја превземете тука.