Во Република Македонија 37% од граѓаните се обложуваат во спортски „кладилници„ и тоа 61% од мажите, и жени 8% – ова го покажа анкетното истражување на база на репрезентативен примерок што во текот на месец Јуни 2006 го спроведе Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП). Други поинтересните резултати на истражувањето се следниве:
- Обложувањето е тренд кај помладата популација. Скоро половина од граѓаните до 25 години се обложуваат (48%), слична е бројката кај возрасната група 26 до 40 години (49%). Постарите генерации помалку се обложуваат; од 41 до 50 години (30%), од 51 до 60 години (20%) и над 60 години 10%.
- Огромен е процентот на младите мажи што се обложуваат, дури 72% на тие до 25 години, 71% на возраст помеѓу 26 и 40 години. Постарите мажи помалку се обложуваат; 56% на возраст помеѓу 41 и 50 години, 31% на возраст помеѓу 51-60 години, 26% над 60 години.
- Кај жените најмногу се обложуваат тие до 25 годишна возраст 15%
- Безмалку секој втор Албанец се обложува (49%), процентот е помал кај Македонците (33%) Турците (32%) Србите (25%) и другите (20%)
- Не постои голема разлика во обложувањето по степен на образование, 29% од граѓаните без образование, 37% со основно, 38% со средно и 37% со високо образование се „кладат„ во спортските обложувалници.
- Кај мажите се обложуваат 80% без образование, 64% со основно, 61% средно, и 55% високо. Кај жените со високо образование се обложуваат 12%, со средно 9%, со основно 5%, без образование 3%
- Во градовите најмногу се обложуваат во Делчево 63%, Ресен 46%, Кочани 45%, Струмица 43%, Тетово 42%, Кавадарци 40%, Скопје 40%, Прилеп 39%, Струга 39%, Охрид 38%, Кратово 38%, Куманово 33%, Дебар 33%, Битола 30%, Гостивар 29%.