ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Финансиска академија за граѓански организации

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) објавува Јавен повик за пријавување за учество во Финансиската академија за граѓански организации, наменета за организации кои можат да придонесат кон процесот на праведна транзиција. Повикот се објавува во рамки на проектот Women-Led Coal Transitions (WOLCOT), поддржан од Climate Investment Funds (CIF), кој го имплементира CRPM Consulting во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Финансиската академија е акредитирана програма за јакнење на капацитетите на граѓанските организации во областа на административното, финансиското и проектното управување. Во рамки на проектот WOLCOT, програмата е прилагодена на потребите на организациите кои работат на теми поврзани со праведна енергетска транзиција, климатски промени, локален развој, родова еднаквост и поддршка на ранливи категории граѓани. Еден циклус на Академијата трае четири месеци, поради што е потребно кандидатите да бидат достапни за следење на програмата во периодот од септември до декември 2026 година.


Право на учество имаат граѓански организации кои се активни активни и/или дејствуваат во државата и кои се предводени од жена, имаат мнозинство жени во извршниот или управниот одбор или имаат мнозинство жени меѓу вработените.

Предност ќе имаат организации кои работат во една или повеќе од следните области:

  • родова еднаквост и економско зајакнување на жените;
  • развој на младите;
  • социјална инклузија и работа со ранливи групи;
  • животна средина и климатски промени;
  • праведна енергетска транзиција;
  • локален и рурален развој;
  • земјоделство;
  • социјално претприемништво;
  • локален економски развој;
  • здравство и социјална заштита.

Финансиската академија ќе се реализира преку комбиниран модел на учење (онлајн и со физичко присуство).

Програмата опфаќа вкупно 120 часа теоретска и практична настава, вклучувајќи предавања, вежби, тестови, дискусии, квизови и студии на случај.

Академијата е составена од три модули:

  • Административно управување кај граѓанскиот сектор
  • Финансиско управување кај граѓанскиот сектор
  • Управување со проекти

Секој модул содржи 8 сесии, односно вкупно 24 сесии. Секоја сесија е во времетраење од 5 часа.

Првата и последната сесија од секој модул ќе се одржат со физичко присуство во Скопје, додека останатите сесии ќе се реализираат онлајн преку платформата Zoom.

Организаторот ќе ги покрие патните трошоци за учество на сесиите со физичко присуство во Скопје само за учесниците од организации од општините Битола, Новаци, Могила и Кичево кои ќе добијат стипендија од ЕБОР.


  • Учество во акредитирана програма за финансиско и проектно управување;
  • Практични знаења и алатки за подобрување на организациското работење;
  • Подобрени вештини за подготовка и управување со проекти;
  • Можност за вмрежување со други граѓански организации;
  • Поддршка за развој на проектни идеи поврзани со праведна транзиција;
  • Сертификат за успешно завршена програма.

Пријавите ќе се оценуваат врз основа на следните критериумиж:

  • мотивацијата за учество;
  • подготвеноста на кандидатот за редовно присуство и активно учество во сите активности на Академијата;
  • усогласеноста на организацијата со критериумите од јавниот повик (локација, области на работа и застапеност на жени во управувањето и работењето на организацијата).


Заинтересираните организации треба да достават:

  • краток опис на организацијата;
  • кратка биографија (CV) на кандидатот, аедно со потврда за неговата/нејзината достапност и подготвеност за учество во програмата;
  • мотивациско писмо.

Апликациите се доставуваат електронски на: financial.academy@crpm.org.mk

Цената за учество во Финансиската академија изнесува 48.000 МКД. Учесниците од организации од општините Битола, Новаци, Могила и Кичево ќе добијат стипендија од ЕБОР, која целосно го покрива овој износ.

Организаторот ги покрива трошоците за спроведување на обуките, работните материјали и освежувањето за време на сесиите.

Краен рок за доставување на апликациите е: 31.08.2026
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани по завршување на процесот на селекција.

За дополнителни прашања или информации, ве молиме контактирајте не на: financial.academy@crpm.org.mk

More To Explore