Оглас за учество на Школа за креирање политики за градење на мултикултурно општество

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики распишува оглас за учество на Школата за креирање политики за градење на мултикултурно општество со цел успешно спроведување на програмите на Европската унија и на Советот на Европа. Како учесници ќе бидат избрани професионалци (25-45 години) од јавниот и приватниот сектор со интерес за темата на јавни политики за градење на мултикултурно општество. Со циклус предавања и викенд сесии ќе се промовираат вредностите на демократската култура, меѓуетничката толеранција и доброто владеење, кои се темел на Евроинтегративните процеси. Очекуваните резултати вклучуваат зајакнување на капацитетите на идните лидери, нивна активна улога во креирањето на инклузивни политики и придонес кон долгорочната етничка кохезија и стабилност во државата. Проектот се надоврзува на долгогодишното искуство на Центарот за истражување и креирање политики во спроведувањето на едукативни активности од овој тип и неговата препознаена улога во градењето на демократските капацитети. Заинтересираните кандидати се замолуваат да испратат биографија и кратко објаснување за нивните мотиви да аплицираат на оваа Школа на електронската пошта daskalovski@crpm.org.mk. Конкурсот ќе трае до пополнување на бројката на учесници на Школата.

More To Explore