За подготовката и реализацијата на Програмата за активностите на општина Струга од областа на заштита на животната средина и природата за 2022 година , констатирано е дека е изработена во тесен круг во општината, без вклучување на барањата на граѓанските организации и локалната заедница, искажани на форумот на заедницата во 2021 година, ниту на вработените од општината. Евидентно е дека општина Струга и одговорните сектори и одделенија во континуитет ги планираат истите активности што покажува дека не се следат приоритетите и барањата на граѓаните во областа животна средина.