Today, in the Municipality of Krivogastani, as part of the “Through Gender Lenses” project, the report on the analysis of the Municipality of Krivogastani’s development program, which was prepared by LAG Agro Leader, was presented to the mayor and members of the Municipal Council. They also discussed budget initiatives and recommendations that will serve as guidelines for the municipality in integrating a gender perspective into local policies and programs, as well as advancing the process of gender-responsible budgeting.
Marina Tosheska from LAG Agro Leader presented the recommendations resulting from the analysis, highlighting the positive strides made by the municipality in promoting gender equality and gender-responsive budgeting in the past.
A representative from the Commission for Equal Opportunities in the municipality shared the completed activities according to the equal opportunities program, along with future plans to expand these activities in accordance with the program and the allocated budget.
The Mayor, Nikolce Miskoski, outlined the municipality’s plans for creating equal opportunities for both women and men. These plans involve implementing measures and initiatives aimed at reducing gender inequality and promoting the advantages of gender-responsive budgeting.
Natasha Dokovska from Journalists for Human Rights shared the proposed budget initiatives, which received strong support from the Municipality Council for their implementation.
With this meeting, the realization of the project for monitoring the gender aspect in the development programs and budget of Krivogastani ended, which is being carried out by the local partner, LAG Agro Leader. They will maintain their collaboration with the municipality of Krivogastani to further the promotion of local policies and budgets related to gender equality and gender-responsive budgeting.
The “Through Gender Lenses” project is financed by the European Union and is being implemented by the Center for Research and Policy Making in cooperation with the Rural Coalition, Roma Women and Youth Association “LULUDI”, Journalists for Human Rights, and Educational Humanitarian Organization – Echo.
–
Денес во Општина Кривогаштани, а во рамките на проектот “Низ женски леќи”, пред градоначалникот и членовите на Советот на општината беа презентирани извештајот од анализата на развојната програма на општина Кривогаштани подготвена од ЛАГ Агро Лидер, буџетските иницијативи како и препораките кои што ќе и дадат насоки на општината во нејзиното делување за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики и програми и унапредување на процесот на родово-одговорно буџетирање.
Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер ги презентираше препораките од спроведената анализа, потенцирајќи ги позитивните исчекори што се направени од страна на оптината во изминатиов период во областа на промовирање на родовата еднаквост и родово-одговорно буџетирање во општината.
Претставник од Комисијата за еднакви можности на општината ги сподели реализираните активности согласно програмата за еднакви можности и идните планови за зголемување на активностите во склоп на оваа програма, како и буџетот за нивна реализација.
Градоначалникот Николче Мискоски ги презентираше плановите на општината за создавање на еднакви можности за жените и мажите преку креирање на мерки и спроведување на иницијативи кои ќе придонесат кон намалување на родовата нееднаквост и промовирање на придобивките од родово-одговорно буџетирање.
Наташа Доковска од Новинари за човекови права ги сподели подготвените буџетски иницијативи, за кои Претседателот на Совет ја истакна поддршката од Советот на општината за реализација на предложените буџетски иницијативи.
Со оваа средба заврши реализацијата на проектот за мониторинг на Родовиот аспект во развојните програми и буџет на о. Кривогаштани спроведуван од страна на локалниот партнер ЛАГ Агро Лидер, кој што и во иднина ќе соработува со општина Кривогаштани за унапредување на локалните политики и буџет во областа на родовата еднаквост и родово-одговорно буџетирање.
Проектот “Низ женски леќи” е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Рурална Коалиција, РАЖМ Лулуди, Новинари за човекови права и Едукативно хуманитарна организација – Ехо.