Before the Mayor and members of the Municipal Council in the Municipality of Negotino, we presented budget initiatives and a public policy document. This document will serve as a guiding framework for advancing gender-responsive budgeting within the municipality, offering essential guidelines for the integration of gender-sensitive measures into municipal programs.
During our presentation, we were informed by the President of the Equal Opportunities Commission that the program for equal opportunities within the municipality is currently in development, marking the first time it will have budgetary implications.
The Mayor, Goran Stojanov, thoroughly reviewed the presented initiatives, particularly focusing on those related to youth employment, self-employment opportunities, and educational initiatives for municipal administration concerning gender equality. He expressed his approval for most of these initiatives. Furthermore, Mayor Stojanov stressed the importance of enhancing the efforts of the Equal Opportunities Commision and the rigorous verification of all measures and programs from a gender perspective.
This discussion marked the conclusion of the project aimed at monitoring gender equality in the municipality, a project implemented by our local partner, the EcoVita association. In the upcoming period, our focus will shift to monitoring the development and implementation of measures in the Municipality of Negotino for the year 2024.
The “Through Gender Lenses” project is financed by the European Union and is being implemented by the Center for Research and Policy Making in cooperation with the Rural Coalition, Roma Women and Youth Association “LULUDI”, Journalists for Human Rights, and Educational Humanitarian Organization – Echo.
–
Во Општина Неготино пред градоначалникот и членовите на Советот на општината ги презентиравме буџетските иницијативи како и документот за јавни политики кои што ќе ја водат општината кон унапредување на процесот на родово-одговорно буџетирање, а и ќе ги дадат насоките кон креирање на родово-сензитивни мерки во програмите на општината.
Од страна на претседателката на КЕМ бевме информирани дека програмата за еднакви можности на општината веќе е во процес на изготвување, а при тоа истата за ПРВ ПАТ ќе се има и буџетски импликации.
Градоначалникот, пак, Горан Стојанов ги разгледа детално иницијативите при што најголемиот дел од нив особено иницијативите поврзани со вработувањето и самовработувањето на младите, како и едукацијата на општинската администрација за теми поврзани со родовата еднаквост, беа одобрени од негова страна, а исто така ја истакна потребата од интензивирање на работата на Комисијата, но и проверката на сите мерки и програми од родов аспект токму преку Комисијата за еднакви можности.
Со ваквата дебата го завршивме и проектот за мониторинг на родовата еднаквост во општината спроведуван од страна на локалниот партнер, здружението ЕкоВита, а во наредниот период ќе го следиме креирањето на мерките во општината и секако нивната имплементација за 2024 година во општина Неготино.
Проектот “Низ женски леќи” е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Рурална Коалиција, РАЖМ Лулуди, Новинари за човекови права и Едукативно хуманитарна организација – Ехо.