Анализата дава една сосема нова перспектива на проблемот на семејно гласање и гласање во име на друг. Целта е да се излезе од рамките на стереотипно приоѓање на овој проблем, кој не е базиран на факти. За оваа цел, врз основа на сеопфатната методолошка рамка подготвена од ЦИКП, подготвената анализа дава краток осврт на правната рамка во однос на овој проблем, но и ги презентира главните причини, одговорни страни, проблеми и решенија на начинот на кој тие се перцепирани од страна на директно засегнатите граѓани и релевантните институции.
Author/s:
Автори: Сања Костовска Ана Мицковска Димитар Николовски