Втора национална конференција во Македонија | СМАРТ Балкан

Share This Post

Во рамки на проектот СМАРТ Балкан се организира втора Национална конференција, која ќе се одржи на 08 јуни 2023 во х. Александар Палас, со почеток во 09:30 часот.

Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам.

Конференцијата претставува одлична можност за дискусија на актуелни теми и вмрежување на граѓанските организации, а ќе бидат споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови. На конференцијата ќе бидат потпишани и договорите со добитниците на грантови од грантовата линија – Национални интервенции.

Настанот ќе биде од хибриден карактер, бројот на учесниците со физичко пристуство е ограничен. Ве замолуваме навремено да се регистрирате на линкот во продолжение и да го одберете начинот  на кој што сакате да го следите настанот (физичко присуство/онлајн).

Линк за регистрација

СМАРТ Балкан проектот, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, го спроведува конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.