Јавна дебата на тема „Родово еднакво буџетирање во Македонска Каменица, современ предизвик и потреба“

Share This Post

Вчера со нашите проектни партнерки од РАЖМ „Лулуди“ и нашите подгрантисти “Надеж” во Општина Македонска Каменица одржавме јавна дебата на тема „Родово еднакво буџетирање во Македонска Каменица, современ предизвик и потреба“.
Граѓанската организација „Надеж“ од Македонска Каменица го имплементира проектот „Еднаквоста, носи напредок“ во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост “.

Истражувањето спроведено на територија на општина Македонска Каменица кое ги опфаќа младите и иселениците покажува дека:

  • Иселениците од општина Македонска Каменица имаат потреба од повеќе релевантни и актуелни информации за активностите и случувањата во општината со цел поттикнување на нивното инвестирање во општината или повторно мигрирање назад во општината.

Забележана е родова нееднаквост во финансисирањето на спортските клубови. Од буџетот на Македонска Каменица во областа млади и спорт во текот на 2022 година се реализирани:

  • 1 600 000 денари за трансфери до машки спортски клубови (ФК Каменица Саса и КК Баскет Кам)
  • 650 000 денари за трансфери до женски спортски клубови (ЖФК Каменица Саса и ЖКК Баскет Кам)
  • 150 000 денари до спортски клубови со мешано членство (Пинг-понг клуб Саса и ШК Каменица Саса)
  • 92% од испитаниците бараат изградба на соблекувални во спортскиот комплекс во Македонска Каменица.
  • 84% од испитаниците сметаат дека во општината треба да се формира Локален младински совет.
  • 75% сметаат дека е потребна изградба на пристапни тротоари.
  • 70% бараат изградба на детски игралишта во градски и селски средини.
  • 87% од испитаниците бараат изградба на тоалети на градските и селски гробишта, додека пак 69% изградба на тротоари кон селски населби (Излез кон Павлиш дол, Дулица, Индустриска зона, Репетитор).

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.