Во текот на минатата седмица, д-р Марија Ристеска и Кристијан Трајковски од ЦИКП и Оливер Начевски од GIZ North Macedonia остварија средба со претседателката на Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ , Владанка Трајковска и претседателот на Собранието на ОРМ, Ангел Димитров.
Беше договорено дека во наредниот период заеднички ќе биде пристапот на креирање на реформата која треба да даде значаен придонес во ➡формализирањето на неформалната работа во земјоделството, туризмот и угостителството, а една од целите покрај заштита на работничките права ќе биде ➡поедноставување на постапката за регистрирање дневни работни ангажмани преку новиот електронски систем кој ќе се развие со поддршка од ГИЗ.