ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ПРИРАЧНИК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО РАДИКАЛИЗАЦИЈА И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И АЛАТКИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА (ЛИСТИ ЗА ПРОВЕРКА И ПРОТОКОЛИ)

Share This Post

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ПРИРАЧНИК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО РАДИКАЛИЗАЦИЈА И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И АЛАТКИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА (ЛИСТИ ЗА ПРОВЕРКА И ПРОТОКОЛИ)

 16 работни дена (можни се повеќе изведувачи)

 на меѓународниот проект:

Educate to Prevent – Strengthening Front-line School Workers and Parents to Build Youth Resilience to Violent Extremism

“Образувај за да превенираш – Зајакнување на училишниот кадар и родителите за развивање отпорност кај младите кон насилниот екстремизам”

 

Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија

Повикувачки број: Hedayah/STRIVE/2017/R2/A2/01 Буџетска линија: 5.2.3/4

 

 

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  1. Конкретни задачи

Проектот спроведе истражување на перцепциите и јавното мислење на наставниците и другиот наставен кадар во 22 средни училишта. Податоците ЦИКП ги внесе во СПСС и СТАТА. На основа на дата базата на податоци Аналитичарот заедно со Координаторот на проектот напиша аналитички извештај. На основа на извештајот Експертот треба да ги спроведе следниве задачи:

  • Да развие прирачник / водич за детекција, превенција и справување со радикализација и насилен екстремизам
  • Да развие упатства како ќе се користи системот за рано предупредување (систем за препраќање и превенција) со неопходните механизми за препраќање преку мобилизација на сите квалификувани чинители со цел превентивни интервенции во случаи на радикализација и насилен екстремизам.
  • Да обезбеди коментари и мислења од сите партнерски организации и други чинители со цел адаптација на содржината на потребите на заедницата (вклучително и од членовите на одборот на проектот).
  • Да развие јасни насоки и листи за проверка за рана детекција на радикализација која може да доведе до насилен екстремизам. Листите за проверка треба да се во форма на картички со прашања кои ќе ги водат наставниците и наставниот кадар, родителите и вработените во општината на дневна основа да оценат дали постојат или не рани знаци на радикализација.
  • Да развие јасни протоколи за превенција од радикализација и насилен екстремизам. Протоколот треба да ги води наставниците и наставниот кадар, родителите и вработените во општината како да постапат доколку оценат дека постојат знаци на радикализација кои може да доведат кон насилен екстремизам. Протоколите треба да разликуваат повеќе степени на радикализација означено со различни шеми како и различни нивоа на одговор на овие знаци на радикализација.

Алатките: прирачникот, листите за проверка и протоколите ќе бидат подготвени на еден од следниве јазици а преведени на другите јазици (македонски, албански и англиски) и ќе бидат доставени до крајните корисници кои воедно се целни групи на проектот преку обуки.

 

  1. Компетенции

Завршено високо образование (преферирани се магистерски и/или докторски студии) во безбедносни науки или други релевантни области: право, политика, психологија, социологија и сл.

Компјутерски вештини:  MS Office и Internet

Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим

Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина

Одлично познавање (зборување и пишување) на англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност

3 години искуство во истражување, анализа, публикување и развој на модели за превенција и справување со насилен екстремизам и тероризам

Искуство надвор од регионот ќе се смета за предност

  • Општи правила за аплицирање:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk и stefanovski@crpm.org.mk со назнака Апликација за Консултант за алатки Експерт за прирачник и алатки за превенција и справување со радикализација и насилен екстремизам до 30.07.2018 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. На интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.

 

More To Explore