4.5.2016, Porta, Skopje
За да се врати кредибилноста на изборниот процес, неопходно е пред тоа да се поврати довербата помеѓу граѓаните во избирачкиот список. Ова беше главната порака на вчерашниот предавач на ШЈП „Мајка Тереза“, Александар Новакоски, поранешен претседател на Државната изборна комисија. Тој порача и дека ДИК мора да биде во целост професионализирана бидејќи тоа е начинот кој гарантира стручна, ефикасна и навремена работа, но и почитување на изборните рокови. Се осврна и на препораките на ОБСЕ за кои смета дека политичките партии мора сериозно да ги земат предвид бидејќи сето тоа се недостатоци кои влијаат на процесот. Од друга страна пак, присутните слушатели се интересираа околу начините за прочистување на избирачкиот список, начините за избор на членови на ДИК, како и за искуствата на земјите – членки на ЕУ во спроведувањето избори.
TWENTY-EIGHT WEEKLY LECTURE WITH ALEKSANDAR NOVAKOSKI
As a precondition to restore the credibility of the electoral process, it is necessary to rebuild trust among the citizens in the electoral list. This was the main message of yesterday’s lecturer at the SPP “Mother Teresa” – Aleksandar Novakoski, former president of the State Electoral Commission. He said that the SEC must be fully professionalized because this is the way which ensures professionalism, efficiency and respect of electoral deadlines. He also referred to the OSCE recommendations and stressed that all political parties must seriously consider them because unquestionably they affect the overall process. On the other hand, the attendees were interested in the ways of purging the voter lists, in the methods of selection SEC members as well as about the EU countries` experiences in carrying out elections.