Информација за медиуми

Share This Post

Скопје,28/04/2015

Почитувани, 

 

Центарот за истражување и креирање политики денеска ги соопшти резултатите од првото систематско истражување на доброто владеење на локално ниво ЛОТОС 2014 кое се спроведуваше во рамките на проектот “Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на корупцијата на локално ниво”, финансиран од ЕУ (IPA TAIB National program – Contract number 10-39880/1).

ЛОТОС 2014 ја оценува примената на добрите практики на локално ниво во однос на шест принципи на добро владеење: транспарентност, одговорност, отчетност, учество, ефикасност и ефективност. Во истражувањето се користат вкупно 74 индикатори. Според истражувањето, резултатите на 53% од истражуваните општини (вкупно 43) имаат остварено резултат под просекот 3.53, додека просекот е многу понизок од резултатот на највисоко рангираната општина – Струмица со 8.48 поени и од максимум можниот резултат 10. 

Индексот на добро владеење ЛОТОС ги дели општините во пет категории.  Од примерокот на 43 истражувани општини ниту една не покажала резултати за да биде вбројана во групата на општини со одлично владеење, 9% од општините се со многу добро владеење; 14% се добро владеани; 21% се доволно добро владеани додека 30% не се доволно добро владеани. Група од 11 општини од истражувањето се назначени како општини со многу лошо владение бидејќи не ги исполнуваат нити критериумите кои се утврдени со законите. 

На листата многу добро владеани општини се: Струмица, Град Скопје, Велес, и Илинден.  Општината Богданци е абсолутен шампион, а по неа следат Битола, Карпош, Велес и Град Скопје бидејќи ги трошат оптимално своите финансии за да спроведат практики за  добро владеење.

Најдобри резултати на ЛОТОС 2014 година покажале општините од Југоисточниот регион, а по него следи Пелагонија и Југозападниот регион на Македонија.

ЛОТОС методологијата е пренесена од Хрватска каде истражувањето се спроведува континуирано секои две години од 2009та. Во Македонија методологијата ја спроведе Центарот за истражувањеи креирање политики во соработка со ГОНГ од Хрватска, ЦЕРИ Битола, ЗЛРР Тетово, ЛДА Струга, Бујрум Куманово, ЕХО Штип и Зелена Сила Велес.

 

 

Во Охрид во периодот 28-30 Април ЦИКП ќе организира и Меѓународна конференција на која ќе се разменат искуствата од следење на антикоруптивните практики на локално ниво во Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија и Словачка. Програмата на конференцијата е прикачена.

Со почит,

Тимот на ЦИКП

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Студија за локална, отчетна, транспарентна и одговорна самоуправа – ЛОТОС

 

Media clipping Press conference on LOTOS study:

http://www.mia.mk/en/Inside/RenderSingleNews/382/132617641

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=67839

http://www.utrinski.mk/?ItemID=AE60727D2BC96E4F9F62752C246AF14A

http://www.ohridnews.com/vesti/83199

http://zdravstvo24.mk/2015/04/28/devet-od-43-opstini-imaat-praktiki-za-dobro-vladeenje/

http://lider.mk/2015/04/28/istrazuvaje-devet-od-43/

http://tvorbis.com.mk/?p=4704

http://24vesti.mk/analiza-opshtina-strumica-najdobra-shuto-orizari-so-najlosho-vladeenje

http://24strumica.mk/5820/strumica-najdobra/

http://a1on.mk/wordpress/archives/483575

http://plusinfo.mk/vest/23889/opshtina-strumica-najdobra-po-dobro-vladeenje

http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/267161-istrazuvanje-devet-opstini-imaat-praktiki-za-dobro-vladeenje

http://vecer.mk/makedonija/bogdanci-shampion-vo-dobro-vladeenje

*

 

 

 

 


 

This project is funded by the European Union

 

Delegation of The European Union In Skopje Sv. Kiril i Metodij 52b 1000 Skopje

Telephone: (+389) 2 3248 500 Fax: (+389) 2 3248 501

 

A project implemented By the Center for Research and Policy Making -Skopje

Address: Cico Popovic 6-2/9, 1000 Skopje ; Tel: 02 3109 932 ; Fax: 02 3073 890

 

This publication has been produced with the assistance of the European Union. The contents of this publication are the sole responsibility of the Centre for Research and Policy Making and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

More To Explore