Политикологот Жидас Даскаловски, некогашен симпатизер на десницата, нуди идеи за излегување од ќорсокакот, меѓу кои и новите министри за внатрешни работи и за правда да бидат одобрени од опозицијата
Даниела Трпчевска
Македонија се најде во сложена и уникатна политичка ситуација откако лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, започна да објавува компилации на нелегално снимени телефонски разговори. Земјата мора веднаш да се фокусира на зајакнување на независноста и надлежностите на неколку јавни институции. Потребна е промена во составот на министри во кабинетот на Груевски, особено оние министри за кои има наводи евидентирани во прислушуваните снимки дека направиле престап, а собраниски комитет со консензуална согласност да ја истражи аферата со прислушувањето. СДСМ мора да ја продолжи својата парламентарна функција и да се врати во македонското Собрание. Потребно е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да најдат консензуален договор со СДСМ и ДПА во однос на реорганизирањето на кабинетот. Најдоцна до есента 2016 година треба да се одржат нови избори во Македонија…