Јавна дебата на тема „Родова еднаквост и социјална заштита во општина Вевчани“

Share This Post

Нашите проектни партнерки Новинари за човекови права заедно со локалните подгрантисти Локалната агенција за развој – Струга во општина Вевчани одржаa јавна дебата на тема „Родова еднаквост и социјална заштита во општина Вевчани“.

Граѓанската организација Локална агенција за развој – Струга го имплементира проектот „Родова анализа на програмите за социјална политика и еднакви можности во општина Вевчани“ во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ воден од ЦИКП.

Како што посочи Катерина Василеска од ЛАР-Струга, анкетата спроведена на 40 граѓани, покажува дека на општина Вевчани во домен на услугите за социјална заштита и недостига кадар, средства и притоа директно зависи од ЦСР – Струга, а има потреба од негуватели за грижа на стари лица, Центар за социјални грижи, обуки…

Потребата од канцеларија за социјални грижи била увидена и претходно, како што посочија учесниците на дебатата, па била реновирана канцеларијата и се чекало на одлука од Центар за социјални работи Струга да се додели лице кое ќе работи таму за потребите на граѓаните на Вевчани, но тоа досега не е назначено.

Локална канцеларија за социјални грижи ќе го олесни пристапот до инфомации кој е посочен како еден од главните приоритети посебно за лицата со попреченост.

Едукацијата за превенција од зависности (дрога, алкохол, обложување) беше посочена како нужна особено за младите во образовните установи, како поефикасна мерка од санирање на последиците. Малолетничката деликвенција исто така е проблем кон кој треба да се насочат едукативните активности, а во предавањата како што беше посочено може да има стручни лица, но и полициски претставници, рехабилитирани лица, лекари и слично.

Дневен центар за жени или поактивно организирање на содржини за жените во рамки на пензионерскиот дом, со советувалиште на теми како менопауза, ментално здравје и сл. беше исто така истакнато како еден од приоритетите на дебатата на која учествуваа претставници од општината, советници, претставници на локални институции, невладини, граѓани.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore