Јавна дебата во Крушево на тема „Вклучување на потребите на заедницата на згрижувачки семејства во општинските буџетски програми за социјална заштита, образование, спорт и култура“

Share This Post

Заедно со проектните партнерки од Roma Women and Youth Association “Luludi” – РАЖМ „Лулуди“ ја започнавме кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените со јавна дебата во Крушево на тема „Вклучување на потребите на заедницата на згрижувачки семејства во општинските буџетски програми за социјална заштита, образование, спорт и култура“.


Јавната дебата беше организирана во соработка со нашите подгрантисти НВО Центар за Хумани Односи Крушево во рамки на проектот „Имплементирање и мониторинг во реализација на родовите перспективи во социјалната програма, програмата за млади и спорт и програмата за образование во општина Крушево“. На истата присуствуваа претставнички од ЦСР, МВР, образовните институции, културните институции како и претставници од згрижувачките семејства со кои дискутиравме за превенцијата на родово базираното насилство и заштитата која локалните институции им ја нудат на жртвите.


🇪🇺Проектот „Низ женски леќи“ е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатата се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и на ниеден начин не ги одразуваат гледитата на Европската Унија.

More To Explore