ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДГОТОВКА И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРИРАЧНИК

Share This Post

Краток опис на проектот: „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“, фаза II

 Проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија, спроведуван од Центарот за истражување и креирање политики објавува повик за горенаведениот договор за ангажирање на правни лица.

Цел на проектот

Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство. Кон оваа иницијатива се вклучени локалната власт и локалните граѓански организации кои ќе ги мобилизираат младите на возраст од 14-19 години за утврдување на приоритети и вклучување во креирање локални политики за млади луѓе низ едукативни работилници и кампањи во заедницата.

Опсег на работата:

1) Ангажирање на агенција која обезбедување услуги за техникча подготовка и печатење на Прирачник Y.

2) Тесна соработка со проектниот тим во текот на уредувањето и печатењето на документот за преглед и повратни информации.

3) Ревидирање и финализирање на документот врз основа на добиените повратни информации.

Работни задачи:

  • Техничка подготовка на текстот во Прирачникот Y на веќе подготвен дизајн (274 стр.)
  • Печатење на Прирачник Y во 100 примерока

Формат А4, дебелина на корица 300 г. кунздрук; хартија за внатрешни страници: 80 г. кунздрук мат

Квалификации

За горенаведениот ангажман потребни се следните квалификации на агенцијата:

  • Докажано искуство со обработка на текстови
  • Докажано искуство во печатење на материјали

Доверливост

Сите информации содржани во прирачниците се сметаат за доверливи, а од агенцијата се очекува да одржува строга доверливост во текот на целиот процес на ангажманот.

Плаќања

Плаќањата ќе се вршат по приемот и одобрувањето на крајниот документ за извршените работни задачи вклучувајќи: техничка обработка на текстот во Прирачникот Y, печатење на Прирачник Y во 100 примерока

Временска рамка

Целокупното уредување и печатење на Прирачникот Y се очекува да биде завршено до 18/03/2024 година

Понуди

  • Понудата треба да вклучува портфолио на претходната работа,
  • Финансиска понуда треба да биде во МКД – Цената треба да вклучи понуда за техничка обработка и понуда на цена за печатење по примерок на Прирачник Y
  • Понудата треба да биде изразена без ДДВ бидејќи проектот е ослободен од ДДВ

Понудите да се достават на електронска адреса: zmijanac@crpm.org.mk

Краен рок за доставување на понудите:   7-ми март 2024 година, 17:00 ч.

 

More To Explore