Форуми во заедницата/Community Forums

Share This Post

Во месец мај во рамки на проектот „ Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ одржавме онлајн форуми во заедницата на тема „Специфичните потреби на мажите и жените остварени преку процесот на родово одговорно буџетирање“.Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите се одржаа онлајн и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани. Преку форумите во заедницата се овозможи вклучување на граѓаните, од сите групи кои живеат на територија на општините, вклучувајќи ги и маргинализираните заедници, а со цел обезбедување услови за идентификување на проблемите и решенијата како и истовремено подобрување на структурата на програмите и буџетите во општините во кои се спроведува проектот.

Форумите во заедницата беа организирани од проектните партнери Центар за истражување и крреирање политики, Новинари за човекови права, Лулуди, Рурална коалиција и ЕХО-Штип, а во соработка со координатр(к)ите за еднакви можности и претставници од секторот финансии од општините. Форумите водат кон остварувањето на првата специфична цел на проектот „Низ женски леќи“, а тоа е: Мобилизација на граѓаните во партиципативните процеси и придонесување во донесувањето одлуки на локално ниво, преку проценка на родовиот буџет и иницијативите за политика насочени кон социјално вклучување и зајакнување на родовата еднаквост.

Општините во кои одржавме форуми во месец мај, каде граѓаните идентификуваа проблеми и решенија, но и приоритизираа и одлучуваа што за нив е најзначајно и потребно да се реши во најбрз временски период се следниве:

Општина Делчево-05.05./07.05./10.05.2021

Фасилитаторка-Весна Коловска Кофасилитаторка-Љупка Трајановска

Координаторка за еднакви можности на општина Делчево-Сузана Петровска

Општина Крушево-10.05./17.05./19.05.2021

Фасилитатор-Игор Тасевски Кофасилитаторка-Лилјана Јоноски

Координаторка за еднакви можности на општина Крушево-Наташа Папакоча

Општина Старо Нагоричан-14.05./18.05./20.05.2021

Фасилитатор-Ѓорги Велковски Кофасилитаторка-Лилјана Јоноски

Координаторка за еднакви можности на општина Старо Нагоричане-Славка Стефановска Цветковска

Општина Македонска Каменица-11.05./19.05./26.05.2021

Фасилитаторка-Гонце Јаковлеска Кофасилитаторка-Љупка Трајановска

Координаторка за еднакви можности-Весна Донческа

Општина Кавадарци 12.05./17.05./19.05./26.05.2021

Фасилитаторка-Офелија Груевска Кофасилитаторка-Љупка Трајановска

Координаторка за еднакви можности на општина Кавадарци-Марија Камчева

Општина Гевгелија-21.05./25.05./01.06.2021

Фасилитаторка-Васка Драшковиќ Кофасилитаторка-Кјмет Амет

Координаторка за еднакви можности на општина Гевгелија-Љубица Карајанова

Општина Вевчани-18.05./25.05./01.06.2021

Фасилитаторка-Гордана Несторовска Кофасилитаторки-Александра Радевска и Наташа Доковска

Координаторка за еднакви можности на општина Вевчани-Зорица Костојчиноска Дејковска

Општина Брвеница-28.05./31.05./03.06.2021

Фасилитатор-Исмет Балажи Кофасилитаторка-Наташа Доковска

Координаторка за еднакви можности на општина Брвеница-Наташа Стојческа

Општина Неготино-26.05./28.05./02.06.2021

Фасилитатор-Ѓорги Велковски Кофасилитаторка-Лилјана Јоноски

Координаторка за еднакви можности на општина Неготино-Слободанка Кртева

Општина Липково-21.05./27.05./31.05.2021

Фасилитаторка-Сара Османи Кофасилитаторка-Љупка Трајановска

Координатор за еднакви можности на општина Липково-Ваљон Мустафа

Проблемите и решенијата кои граѓаните ги идентификуваат се од најразлични области како што се: социјална заштита, образование и воспитно-образовни институции, здравствена заштита и заштита од заразни болести, животна средина и комунални дејности, локален економски развој, урбанизација и инфраструктура, заштита, спасување и справување со кризи, култура, спорт и млади, родова еднаквост, туризам, индустрија, земјоделие и стопанство и други теми зависно од општината.

Продолжуваме со одржување на форумите и во месец јуни во општините: Радовиш, Теарце, Струга, Шуто Оризари, Чаир, Кривогаштани и Петровец.

Форумите во заедницата во рамки на проектот „Низ женски леќи“ се организирани со финансиска поддршка од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани на форумите во заедниците се единствена одговорност на имплементаторите и учесниците на форумите и на никаков начин не ги изразуваат гледиштата на Европската Унија.

More To Explore