Локалната економија на Општина Битола се наоѓа во пост- приватизациски циклус и ги следи трендовите на националната економија. Ваквите случувања резултираат со непродуктивност на компаниите, но и невработеност. Во последните години претприемништвото добива на значење како начин на поттикнување на можностите за вработување, зајакнување на економската конкурентност и промовирање на локалниот и регионалниот развој. Интересен е фактот што претприемништвото е усвоено како стратегиски пристап да се олесни економското учество кај жените. Вклучувањето во претприемништвото овозможува да се зголеми самодовербата, да се постигне економска независност и оттргнување од работ на сиромаштијата. Исто така, се создаваат можности за вработување кои водат кон економски раст и развој. И покрај предностите што ги нуди претприемништвото, се чини дека во Битола, сè уште на претприемништвото не се гледа како на кариерна опција.

Преземете публикација