Трета еколошка акција во рамки на проектот „Го сакам Скопје зелено“

Share This Post

Ја завршивме и третата еколошка акција во рамките на проектот 💚„Го сакам Скопје зелено“, поддржан од Град Скопје. Ученичките и учениците од СУГС “Кочо Рацин” во придружба на професорката по физичко образование Наташа Поповска и Билјана Матевска од ЦИКП ја започнаа акцијата во дворот на училиштето и се упатија кон детското игралиште пред кејот на Вардар.

➡ Делот на кејот на реката Вардар во општината Ѓорче Петров е во градежен подем и насекаде имаше расфрлано смет. Средношколките и средношколците токму на оваа локација ги наполнија првите 10тина вреќи по што се упативме долж кејот кон очната болница.
➡ Попатно собравме отпад од најразновиден тип, дури и веќе полни вреќи со смет. На целата акција собравме околу 20тина вреќи отпад.
➡ Знакот (види слика) се одлучивме да го поставиме пред детското игралиште како потсетник до родителите и децата дека сме сите одговорни за чистотата во градот.

Учениците и ученичките од средните училишта се свесни за индивидуалната одговорност кон природата. Кај нив постои голем интерес, желба и мотивираност да се вклучуваат во вакви и слични еколошки акции.

Огромно БРАВО и голема благодарност до сите кој се вклучија во оваа акција!
Потребно е да се продолжи со кревање на еколошката свест кај младите и промоција на активизам за градење здрави еколошки навики.

More To Explore