Теренско истражување во рамките на проектот
РАЗМЕНА НА НАЈДОБРИ ЕУ ПРАКТИКИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ОД ОБЛАСТА НА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈАТА
Во рамките на проектот “Размена на најдобри ЕУ практики за имплементација на законодавството од областа на антидискриминацијата” се спроведува теренско истражување во сите осум статистички региони во Република Македонија. Имено, тим на ЦИКП посети рурални и урбани средини од сите региони на територијата на Р. Македонија и оствари средби со Претседатели на Основи Судови, Народни Правобранители, координатори и членови на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите, комисиите за односи меѓу заедниците, претставници на невладини организации.
Добиените информации од истражувањето ќе бидат искористени за развој на Извештај во сенка за антидискриминација.