Од 2017 ЦИКП започна со темелни истражувачки активности во полето на спречување насилен екстремизам во Македонија. Врз основа на прибирање примарни информации и нивна анализа, ЦИКП се стреми кон развивање на систем за упатување на локално ниво (систем за рано предупредување), вклучувајќи разни чинители на локално ниво: општинската администрација, професорите и стручните служби во училиштата, родителите, полицијата и локалните верски лидери. Крајната цел е да се создаде применлив модел на политики кој е лесно прилагодлив на локалниот контекст во секоја општина во Република Македонија. Сите истражувачки и имплементирачки активности го следат пристапот на неповредување.