Повик за волонтери

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики отвара повик за пријавување на волонтери кои би биле ангажирани за потребите на тековните активности на организацијата во период од два месеци почнувајќи од почетокот на февруари 2016 до април 2016. За искуството на претходни волонтери / стажанти во ЦИКП проверете овде: https://crpm.org.mk/?page_id=8278

Во рамки на работните обврски во ЦИКП волонтерите ќе имаат прилика да се стекнат со комуникациски и организациски вештини преку нивната работа на изработка и управување со проекти и настани, комуникација, канцелариско и административно работење и истражување.

Предуслов за успешна волонтерска соработка е кандидатите да имаат одлично познавање од англискиот јазик (познавање и на албански ќе се смета за предност), да имаат активно познавање во работа со компјутер (работа на што поголем број програми, визуализација на податоци, како и одржување на социјални мрежи ќе се смета за предност) и да се дипломирани/ или при крај на студиите на некој од општествените и/или техничките факултети.

Заинтересираните кандидати потребно е да аплицираат на следнава адреса: crpm@crpm.org.mk , со испраќање на кратка биографија (CV) и писмо за мотивација најдоцна до 25ти јануари 2016 година. Во вашата кратка биографија задолжително да биде наведен и контакт телефон.

Изборот на пријавените ќе биде на 29ти јануари по што ќе бидат контактирани само избраните кандидати.

ЦИКП не ја исклучува можноста за долгорочна соработка со избраните кандидати и после завршувањето на волонтерскиот период.

 

More To Explore