Нова Македонија 15.05.2013

Share This Post

ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО ЌЕ ЧЕКА ПОДОБРИ ВРЕМИЊА

Во оваа политичка состојба речиси не се очекува засилување на односите со Македонија до јуни, кога би требало да се знае дали земјава ќе добие датум за почеток на преговорите за зачленување во Европската Унија

Заплеткана бугарската политичка сцена

По изборите одржани во неделата, Бугарија се наоѓа во уште посложена политичка ситуација. Резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори според кои ГЕРБ на Бојко Борисов освои 30,53 отсто од гласовите, Коалицијата за Бугарија – 26,65, ДПС – 11,22, а Атака – 7,31 отсто го доведуваат источниот сосед во политичка состојба слична како кај јужниот до пред некое време, кога постојано се одржуваа избори. Засега не е извесно ништо за формирањето нова влада. Партијата на Турците ДПС, која е трета според освоените гласови, веќе одби да коалицира со Атака и со ГЕРБ, со што станува сѐ појасно дека бугарскиот Берлускони, како што францускиот весник „Либерасион“ го нарече Борисов, тешко дека ќе може да формира нова влада.…(More…)

 

More To Explore