Инфо сесија: Повик за аплицирање за градење капацитети и суб-грантирање

Share This Post

Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) ги поканува заинтересираните граѓански организации да земат учество на онлајн информативна сесија за Повикот за аплицирање за градење капацитети и суб-грантирање за родово одговорно буџетирање и финансирање во услови на криза (https://bit.ly/CallForPropolsalsMKD).

За време на информативната сесија, присутните ќе имаат можност подетално да се запознаат со целите и можностите на тековниот повик, како и да добијат одговори на сите нивни прашања поврзани со истиот.
Дополнително, информативната сесија претставува одлична можност да дознаете повеќе за е-академијата и подгрантовата шема на МРОБ, односно како таа може да се искористи за промовирање на родовата еднаквост во регионот.

Линк за регистрација: https://bit.ly/InfoSessionMKD

Проектот “Зајакнување на транспарентноста и одговорноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија (Мрежа за родово одговорно буџетирање” ФАЗА II)” е финансиски поддржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка. Имплементатори на проектот се Центар за истражување и креирање политики (С. Македонија), Центар за родова алијанса за развој (Албанија), Центар за промоција на граѓанското општество (БиХ), Мрежата на жени на Косово, Женска акција (Црна Гора), Хаб за родово знаење (Србија) и Кистон (Молдавија).

More To Explore