
е-пошта: risteska@crpm.org.mk
CV | Resume

Проф. д-р Даскаловски е прогласен за Млад научник на годината 2008, од страна на Македонската академија на науките и уметностите, тој е еден од Истакнатите личности на Битола од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и е корисник на голем број истакнати истражувачки стипендии, меѓу кои се вбројуваат оние од Друштвото Лорд Дарендорф на Колеџот „Св. Антони“ од универзитетот Оксфорд, Школото за словенски и источноевропски студии, Катедрата за македонски студии и Советот за истражување на социјални науки/Друштвото Етнобарометар на Универзитетот „Северна Каролина“. Има напишано извештаи за земјата Македонија за Фридом Хаус/Нации во транзит, Индекс на Отворен Буџет, Глобален извештај за интегритет, Бертелсманов Индекс за трансформација, Граѓански ориентирани анализи на УНДП, Извештај за човечки развој на ОН. Неговата експертиза е значајна во полето на политичката анализа воопшто, а особено во поглед на децентрализацијата, демократизацијата и етничките и мултикултурните прашања. Проф. д-р Даскаловски има темелно искуство во политичкото истражување работејќи за Центарот за истражување и креирање политики, проектот Општества разорени од војна, Иницијативата на локалната управа, Оделот за економски и социјални работи на Обединетите Нации и Иницијативата за европска стабилност. Беше главен советник на лидерот на Нова Демократија, господинот Имер Селмани, за време на претседателските и локалните избори во 2009.
е-пошта: Daskalovski@hotmail.com
CV | Resume List of Publications
Г-ѓа Ана Мицковска Ралева е дипломиран психолог од Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер по образование од Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија. Има работено како проект асистент во два УСАИД проекти и има долгогодишно искуство како водич за анкети во Брима Галуп. Нејзините интереси се движат од прашања поврзани со социјалната психологија (односи во групи, создавање стереотипи и предрасуди. влијанието на медиумите во формирањето мислење) до прашања поврзани со модерниризањето и подобрувањето на квалитетот во образованието. Ги има издадено своите студии во домашни и странски весници и презентирано своите истражувања на неколку интернационални конференции. Нејзините области на специјализација вклучуваат: едукација во политичкото истражување, мониторинг и евалуација на проекти и квантитативна анализа на податоци.
е-пошта: amickovska2@yahoo.com, mickovska@crpm.org.mk
