Записник | Работна група за скриена економија

Share This Post

  17 Септември 2015 (Четврток)

Место: Конференциска сала 3 – Хотел Арка

Ул. Битпазарска бр.90/2
Скопје, Македонија

 

По краток преглед на заклучоците од претходната средба одржана на 19.06.2015 година преминавме на разгледување на точките на агендата за втората средба на неформалната  работна група за скриена економија и дискусија. Г-дин. Велески смета дека генерално ЕСС и работните групи за скриена економија имаат улога на јакнење на свеста и до некаде капацитетите за сите вклучени институции во борбата против сивата економија. На МТСП му се потребни подобри анализи, подобро составени мерки и разни препораки кои би дошле од проширен состав од граѓанскиот сектор.

Г-ѓа Туџаровска од МЦМС, (кои имаат направено анкета на 400 компании за прашања поврзани со корупцијата) сметаат дека антикорупцијата треба да биде вклучена во работната група. Г-дин  Јовановиќ исто така се сложува дека антикорупцијата треба да биде вклучена во работата на работната група за скриена економија како неиземен дел од неа. Од дргуга страна, Г. Велески потенцираше дека МТСП се фокусира претежно на непријавената работа, за кои се потребни анализи, наместо на антикорупцијата која не е дел од нивниот делокруг и реално нема доволно експертиза за да се понуди соодветна поддршка на работната група.

Повеќето се согласуваат дека постојат 2 опции за начинот на функционирање на идната работна група за скриена економија. Првата е работната група да биде независна работна група која би ги бранела своите анализи и препораки пред ЕСС. Втората опција е ЕСС да ја повика групата да работи на конкретна тема на ад-хок принцип. Повеќето присутни се сложуваат дека постојат повеќекратни бенефити со прифаќање на првата опција. Г. Ненадич потенцираше дека би требало да се обидеме да се делува надвор од рамката на ЕСС затоа што не е сигурен дека постои доволно волја и административно-правни предуслови за да се издејствува соодветно вклучување на граѓанскиот сектор во нивната работа. Модус на соработка во рамки на работните групи за скриена економија на МТСП смета дека е подобро решение. Г-ѓа Анчева исто така се сложува со првата опција односно функционирање на групата надвор од рамките на ЕСС и смета дека ова е многу важна тема која го засега целото општество и би имале свој придонес во решавањето на проблемот на мултидисциплинарно ниво со помош на репрезентативни и нерепрезентативни чинители од НВО и граѓанскиот сектор.

Г-ѓа Николовска од Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) нагласи дека тие веќе работат на евалуација на акцискиот план за борба против скриената економија при МТСП за 2015 година, и дека Работната група  може да ги презентира своите наоди пред ЕСС на тој начин што писмено ќе ги поднесе своите публикации и побара состанок на ЕСС и разгледување на наодите.

Заклучоци од средба бр.2 (TF2), 17.09.2015, Хотел Арка, 9:00 – 10:00 часот

 

–        Постои согласност за потпишување на Меморандумот за Разбирање иако дел од присутните прво треба да се консултираат со одговорните во нивните организации. Меморандумот би бил потпишан од присутните со кои би се покажал интерес за вклучување во следниот проект за Поддршка на работната група за скриена економија (2017-2020)“.

 

–        Во однос на новиот проект за „Поддршка на работната група за скриена економија (2017-2020)“ со кој би биле опфатена работната група и нејзиното функционирање во иднина беа разгледани и прифатени различните активности кои се дел од апликацијата за проектот.

 

–        Форумот на јавни политики кој ќе се одржи на 13.10.2015, ќе биде добра платформа за промовирање на функцијата на работната група како и за размена на мислења со еден од водечките академици во сферата на скриената економија и говорник на Форумот, Г-дин Колин Вилијамс.

Заклучоци од средба бр.1 (TF1), 19.06.2015, Хотел СОЛУН

 

–        Има интерес и волја за организирање на работна група при ЕСС за скриена економија која би ги вклучила и нерепрезентативните социјални партнери, други релевантни институции и НВО.

 

–        Но заради отсуство на претставници од ЕСС на состанокот не се дискутираа насоките на формирање на работната група.

 

–        Се дискутираше и за можноста за проширување на постоечката работна група за скриена економија при МТСП (која го подготвува акцискиот план за борба против скриена економија) и вклучување на НВО и нерепрезентативни социјални партнери.

 

 

–        Во двата случаи за да се потврди волјата за проширување / формирање на работна група потребно е да се потпише Меморандум за разбирање помеѓу членовите; ЦИКП изработи нацрт и го достави на разгледување и коментари кај сите засегнати страни.

 

–        Со цел избегнување на преклопување на активностите се заклучи дека доколку групата при МТСП се прошири нема да има потреба од развој на процедури за функционирање / работа на групата во проширен состав бидејќи веќе проектот за техничка поддршка на МТСП за борба против непријавена работа го прави тоа.

Проектот е финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR)

More To Explore