Втор јавен настан ,,Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016 – 2018“

Share This Post

11 мај 2016 година

Хотел Холидеј Ин, Скопје

На 11 мај 2016 година, во хотел Холидеј Ин со почеток во 10:00 часот, Центарот за истражување и креирање политики и Министерството за информатичко општество администрација го одржаа вториот јавен настан ,,Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016 – 2018“.Целта на оваа средба беше подготовката на третиот нацрт план за Отвореното владино партнерство 2016-2018 година. Поздравно обраќање имаа министерката за информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска Томовска, постојаната координаторка на Обединетите Нации и постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите Нации, г-ѓа Луиза Винтон, претставничката од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, г-ѓа Сандра Андовска, националната координаторка за ОВП, г-ѓа Гордана Гапиќ Димитровска и извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, г-ѓа Марија Ристеска.

Во поздравното обраќање министерката за информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска Томовска, повторно ја нагласи посветеноста на МИОА кон процесот на Отвореното владино партнерство и потребата од постојано усовршување на истиот, како и вклучувањето на што поголем број чинители. Постојаната координаторка на Обединетите Нации и постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите Нации, г-ѓа Луиза Винтон, се надоврза, и ја нагласи потребата од спојување на Одржливите развојни цели со новиот акциски план за ОВП. Ова доаѓа, по глобалните заложби на ОВП иницијативата за спојување на ОРЦ со ОВП, односно целта 16 (мир, правда и силни институции) од Агендата 2030. Г-ѓа Сандра Андовска повторно ја нагласи заложбата од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, кои претставуваат значајна алка од целиот процес. Извршната директорка на ЦИКП, г-ѓа Марија Ристеска, и националната координаторка за ОВП, г-ѓа Гордана Гапиќ Димитровска, кои беа најактивно вклучени во целиот процес, ја претставија досегашната работата на МИОА и ЦИКП, како фасилитатор во процесот и беа особено задоволни од големиот интерес за вклучување во ова партнерство на владините и држаните институции и граѓанското општество. Ова може да се забележи од фактот што на трите консултативни седници одржани во февруари со различни тематски обработки, присуствуаа повеќе од 110 претставници на владини и државни институции и ГО, од кои нешто повеќе од 50% беа од ГО.

По воведните обраќања, учесниците работеа во шест тематски групи: партиципативно креирање на политики, отворени податоци, слобода на информации, спречување на корупција и промовирање на доброто владеење, ефикасно управување со јавните ресурси (фискална транспарентност), отвореност на локално ниво. Групите беа формирани во зависност од интересите на претставниците, со претходна регистрација. Во работните групи се дискутираа мерките кои беа предложени и разработени за време на отворениот дијалог со ГО и првиот дводневен јавен настан, одржан во последната недела во март, како и одредени мерки кои добиени за време на едномесецниот консултативен период како и предлози кои беа претставни за време на овој настан. Секоја работна група имаше свој фасилитатор кој раководеше со неа и помагаше при запишувањето на забелешките и дополнителните предлози. Во овој дел од настанот учесниците кои беа заинтересирани за повеќе од една работна група можеа да ги споделат своите предлози и во другите работни групи.

По завршувањето на разгледувањата, дискусиите и консултациите во работни групи, фасилитаторите на процесот ги претставија резултатите и изложија објаснувања за начинот на кој се стигна до нив.

На настанот присуствуваа повеќе од 114 учесници, а беше и медиумски покриен. По завршетокот на настанот беше организран ручок од страна на организаторите.

 

 

 

 

 

 

More To Explore