Втора национална конференција во Македонија | СМАРТ Балкан

Share This Post

Ни претставува особено задоволство да ве информираме дека на 08.06.2023 ја одржавме втората Национална конференција насловена “Управување со кризи и зајанување на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам”, организирана во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

При отворањето на настанот, воведни обраќања имаа г-ѓа Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП, г-ѓа Хане Мелдгард, заменичка шеф на мисија при Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и Методија Димовски, Генералниот секретар на Владата на С. Македонија.

Извршната директорка на ЦИКП, г-ѓа Марија Ристеска во својот поздравен говор истакна дека целните групи со кои работат организациите на кои досега им се доделени грантови најмногу како корисници се јавуваат млади лица, жени, особено жени жртви на насилство, лица со посебни потреби, корисници на дроги, сексуални работнички и најмаргинализирани лица кои заради исклученоста се полесно влијаени од ризици за радикализација која може да доведе до насилен екстремизам.

Граѓанските организации ги препознаваат потребите на различните сегменти на македонското општество и даваат одговор преку СМАРТ Балкан проектите кои за нив нудат услуги, заштита, превенција, градење капацитети, јакнење свест или застапување во нивно име за промена на политиките во согласност со нивните потреби и за намалување на нивната ранливост. Неодговорот на потребите на овие ранливи категории на лица влијае и е правопропорционално врзан со безбедноста и стабилноста во земјата. Постоење на државен и институционален одговор би овозможил поотпорно општество во кое освен еднаквоста во учеството ќе се залага и за еднаквост на резултати на политиката. – изјави Ристеска.

Во рамките на конференцијата се одржаа две панел-дискусии каде панелистите се осврнаа на регионалните прашања како што се насилството меѓу младите, природните катастрофи и глобалните безбедносни предизвици на Западен Балкан.

На првиот панел на кој што учествуваа проф. Драгана Батиќ од Факултет за безбедност во Скопје, г-н Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и г-н Кире Михајлов, од Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, беше утврдено дека системот за управување со кризи во С. Македонија, со оглед на фактот дека е воспоставен пред  триесетина година, потребно е извесно надоградување со цел да огововри на новите предизвици што ги носи новото време  на еден системски и поефикасен начин. Во тој поглед потребни се и правни и институционални измени. Меѓутоа, беше констатирано дека најголем проблем се човечките и материјалните ресурси за успешно справување со кризи. Со цел надминување на ваквиот недостаток, потребно е поголем фокус на доброволното организицирање на граѓаните во рамки на граѓанскиот сектор, затоа што и постоечкото законодавстство го дозволува тоа. Приоритет на државата треба да биде промоција и обезбедување на овозможувачка средина со цел ваквите доброволни здруженија стана ефективен дел од системот за управување со кризи. Понатаму, беше опфатен и аспектот на психосоцијална поддршка при наминување на кризи и други трауматични настани. И овде беше истакнато дека е неопходен еден системски пристап, каде што има простор и граѓанските организации да се вклучат преку нудење на услуги од овој вид, во рамки на заедницата во која што делуваат.

На вториот панел на којшто учествуваа г-н Златко Апостолоски, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и спречување на тероризам, г-ѓа Вилма Милчев, директорка на Центар за заедничка основа и г-н Лука Павиќевиќ, Претседател на Сојузот на средношколци, беа идентификувани актуални предизвици и закана од аспект на насилство и насилен екстремизам и соответно превенирање. Националниот кординатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам потенцираше дека на сите закани треба да пристапиме со максимална сериозност, особено во делот на превенција преку разни програми и услуги каде што и граѓанските организации можат значително да придонесат во успешна превенција. Дополнително, преку ситемски пристап во делот на реинтеграција и ресоцијализација на радиклизираните лица може да се осигура поголема безбедноста  на граѓаните. Понатаму, беа споделени и искуства од граѓанските организации кои што работат на превенција на насилен екстремизам со цел да се поттикне поголема вклученост на ГО во фазата на превенција преку соответни активности и услуги кои што се дел од портфолијата на самите организации. Со оглед на фактот дека младите се најизложени на ризици од насилство, што го покажува и неодамнешното искуство во регионот, претставник од средношколската унија на С. Македонија ги претстави ризиците и нивните потреби во успешно справување и превенција на насилство и насилен екстремизам во училиштата во С. Македонија.

Конференцијата претставуваше одлична можност за дискусија на актуелни теми и вмрежување на граѓанските организации, а на истата беа споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови, кои претставуваат механизам за финансирање на конзорциуми составени од минимум 3 граѓански организации од 3 земји, и/или формални или неформални регионални мрежи, за проекти поврзани со безбедност и стабилност и управување, кои имаат јасна регионална димензија.

На конференцијата беа потпишани и договорите со добитниците на грантови од грантовата линија – Национални интервенции. Доделените грантови, во висина од 30 – 50.000 евра по грант, ќе се реализираат во период  до две години, насочени кон тематските области на проектот – безбедност, стабилност и управување. Поддржаните проекти  се засновани на релевантни стратегии/или политики.

Добитници на грант Национална интервенција:

  • ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со проект “Подобрување на Националната политика за дроги во Република С. Македонија”
  • Коaлиција на младински организации СЕГА со проект “Граѓанско општество за унапредување на регулативата за млади”
  • ФЛОРОЗОН Центар за еколошка демократија Скопје со проект “Механизам за превенција од корупција”
  • Хелсиншки комитет за човекови права со проект “Креирање на побезбедна дигитална средина за младите”

More To Explore