Втора еколошка акција во рамки на проектот “Го сакам Скопје зелено”

Share This Post

Втора еколошка акција во рамките на проектот „Го сакам Скопје зелено“,поддржан од Град Скопје, во градски парк, на кејот на Вардар и на стариот полигон. Овој пат на терен излегоа ученичките и учениците од СУГС “Лазар Танев”, предводени од професорката по физичко образование, Сузана Синадиновска, заедно со тимот на ЦИКП – Билјана Матевска, Маја Варошлија и Александар Цеков.

Иако градскиот парк редовно се чисти и одржува, нашите активисти успеаа да соберат смет во количини од пет 60 литарски вреќи, најмногу од делот позади дискотеките и стариот Луна парк.

Се придвиживме по кејот кон мостот што води до стариот полигон.

Штом го поминавме мостот преку реката Вардар, веднаш наидовме на огромни количини смет од најразновиден тип, расфрлан на зелените површини и низ целиот полигон. Пластични шишиња, кеси, лименки, облека, влажни марамчиња, градежен шут, делови од мебел, опаковки од храна, сето во неограничени количини.

Расчистивме колку што ни дозволуваа условите и опремата.

Апелираме до ЈП Комунална Хигиена – Скопје дека на оваа локација 📍 https://goo.gl/maps/3tYHTLGDLhaU6bq46 остана кабаст отпад за чиешто расчистување е потребна механизација.

Со младите ентузијасти собравме преку 20 вреќи отпад од оваа локација.

Огромно БРАВО и голема благодарност до сите кој се вклучија во оваа акција!

Продолжуваме со кревање на еколошката свест кај младите и промоција на активизам за градење здрави еколошки навики.

 

More To Explore