Во 2021 година, во Општина Кочани регистрирани се над 9000 возила, што според бројот на жители во Општина Кочани значи дека секој трет граѓанин има регистрирано возило, за разлика од националниот просек, според кој секој четврт граѓанин има регистрирано возило. Кочани е град, во кој незначителен број од жителите користат еко превозни средства, како велосипеди или електрични тротинети и сето ова се должи на инфраструктурата и отсуство на услови, како што се велосипедски патеки, поради што жителите се несигурни во користење на овие превозни средства дури и за рекреација. Во насока на намалувањето на аеро-загадувањето, Општина Кочани разви програма за субвенционирање за велосипеди.

Преземете публикација