Буџетски иницијативи во општина Липково

Share This Post

Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Липково ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Липково спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 33 жени и 36 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Липково за 2022 година.

 

Запознајте ги нашите подгрантисти од Мрежа на жени во науката кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Родово буџетска анализа на програми за областите образование и култура на општина Липково“. Минатата недела остваривме заедничка средба со претставници од општина Липково.
Целта на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку воведување на родово одговорно буџетирање на локалните политиките во општина Липково
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Липково, а со поддршка од координаторот за еднакви можности, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore