Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Брвеница ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец јуни 2021 во Општина Брвеница / Komuna e Bërvenicës спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 68 жени и 47 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Брвеница за 2022 година.
Во продолжение, запознајте ги нашите подгрантисти од Центар за иновации за развој на заедницата (ЦИРЗ-Тетово) кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Родово буџетска анализа на програмата за активностите на Општина Брвеница во областа на локалниот економски развој“.