Јавна дебата на тема “Енергетската ефикасност, родовата рамноправност и одржливиот развој во општина Брвеница”

Share This Post

Во рамки на проектот „Низ женски леќи“ вчера во соработка со нашите подгрантистите Здружение ЦИРЗ Тетово во Општина Брвеница / Komuna e Bërvenicës одржавме јавна дебата на тема “Енергетската ефикасност, родовата рамноправност и одржливиот развој во општина Брвеница”.

Дебатата беше модерирана од нашите проектни партнери Новинари за човекови права, а на истата се обратија претставници од општината, претседателот на ЛЕР г-ин Јусуф Шаини, координаторката на Комисијата за еднакви можности г-ѓа Наташа Стојческа, и претставникот на комисијата за енергетика г-ин Абиљ Дурмиши, кои дадоа осврт на работата на општината во насока на намалување на енергетската сиромаштија и зголемување на енергетската ефикасност преку конкретни мерки. Merita Zulfiu-Alili од Здружение ЦИРЗ Тетово ги презентираше наодите од анализата на мислењето на локалното население за енергетската ефикасност и енергетската сиромаштија.

Во наредниот период претставниците од локалната самоуправа се заложија дека приоритетни точки на кои ќе се работи се:

  • Намалување на стакленичките гасови до 30% до 2025 година;
  • Намалување на потрошувачката на енергија за 30% во јавните општински објекти;
  • Добавување на улично осветлување од обновливи извори (фотоволтаици);
  • Главната цел на општината – да имаат намалување на расходите за енергетика за 30% до 2025 година;
  • Кампања за едукација на жителите на општина Брвеница за штедење на енергија и субвенции за стимулирање на населението за избор на одржливи извори на енергија;
  • Информации за местата за складирање на електронскиот отпад од алтернативните извори на енергија кои ќе се применуваат во општина Брвеница.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support