Скандалот со прислушувањето ја зголеми нестабилноста во земјата. Македонија треба веднаш да се фокусира на зајакнување на независноста и надлежностите на неколку јавни институции. Да се промени составот на премиерот Груевски, да се организира попис, собраниски комитет со консензуална согласност да ја истражи аферата со прислушувањето, СДСМ да ја продолжи својата парламентарна функција, а новите избори да се одржат најдоцна есентта 2016 година.
Ова се дел од насоките и заклучоците во анализата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) под наслов „Спасување на демократијата во Македонија: што да се направи по скандалот со прислушувањето“, која се однесува на актуелната политичка ситуација во земјава. Свој придонес во анализата дале и студентите од советодавната група при Школата за јавни политики „Мајка Тереза”…