Учество на презентација на истражувањето: Родот и корупцијата во Република Северна Македонија

0
120

Денес учествувавме на презентацијата на истражувањето „Родот и корупцијата во Република Северна Македонија – истражувања на јавното мислење за секторите високо образование и јавна администрација“ организирана од OSCE Mission to Skopje.
Ова истражување заедно со студијата која ја изработивме минатата година „Сексуална изнуда како дело на корупција: Правен и институционален одговор“ информираат за постоењето и застапеноста на сексуалната изнуда како дело на корупција во Македонија и даваат сеопфатен правен и институционален одговор за справување со овој феномен.


Публикацијата ги вклучува наодите од првото национално истражување за перцепцијата на жените во Северна Македонија и одговори од дискусиите на двете фокус групи со жртви на изнуда на сексуални услуги, спроведени во 2021 година. Достапна е на следниот линк https://www.osce.org/mk/mission-to-skopje/530533