Презентирани наодите од анализата “Мапирање ризици од корупција во животната средина”

0
154

Денеска (24.02.2022) во организација на Платформа на граѓански организации за борба против корупција, чија што членка е Центарот за истражување и креирање политики, беше организирана дискусија на која што беа презентирани наодите од анализите од мапирањето на ризични области од корупција во животна средина и здравство. На настанот, Александар Цеков од ЦИКП, како автор на анализата за мапирање на ризици од корупција во животна средина ги презентираше наодите од анализата осврнувајќи се на институционалниот ризик од корупција и најгорливите прашања во областа животна средина.

Овие анализи беа спроведени во рамки на проектот „Набљудување во ризични области од корупција: здравство и животна средина“ финансиран од Фондација
Отворено општество – Македонија.

Анализата може да ја погледнете тука.