Прашалник за утврдување на перцепциите и однесувањата на жителите на Општина Аеродром

0
160
Центарот за истражување и креирање политики во рамките на проектот “Здрави навики за здрава околина”, поддржан од Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), изготви прашалник кој има за цел да ги истражи перцепциите и однесувањата на жителите на Општина Аеродром во однос на алтернативните форми на мобилност на кратки релации, како што се пешањето и велосипедизмот.
Оваа активност е само почеток на она што следи – можност за учество во групен предизвик за пешачење и возење велосипед на кратки релации (со користење на апликацијата STRAVA), каде што ВИЕ би застапувале и промовирале здрав начин на живот и заштита на животната средина.
За најактивните следува gift card за набавка на спортска опрема.
Пополнете го прашалникот на линкот подолу и придружете ни се во предизвикот!
Рок за пополнување: 05.08.2022
Овој прашалник е изготвен од страна на Центарот за истражување и креирање, кој е дел од проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”, имплементиран од страна на Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерство за животна средина и ПП и Градот Скопје, финансиран од Шведска. Ставовите изразени овде во никој случај не го одрaзуваат официјалното мислење на која било од страните.