Потпишан Меморандум за соработка со Општина Аеродром и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

0
85
Во рамки на проектот Здрави навики за здрава околина, поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Центарот за истражување и креирање политики потпиша Меморандум за соработка со Градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Тимчо Муцунски и со деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р. Ленче Алексовска-Величковска.

Со ова ја зацврстивме меѓусебната соработка со клучните чинители во кои лежи одговорноста за промоција на здрав начин на живот преку физичка активност, а воедно и намалување на индивидуалниот јаглероден отпечаток, како едно од клучните решенија за намалувањето на загадувањето на воздухот во град Скопје.
Оваа активност е дел од проектот Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје, кој е финансиран од Шведска, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во партнерство со Министерството за животна средина и ПП и Град Скопје.